Дома Фудбал Италија Драконски казни во Наполи: Елмас и дружината ќе платат на 2 милиони евра!

Драконски казни во Наполи: Елмас и дружината ќе платат на 2 милиони евра!

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис спрема драконска казна за играчите, а медиумите најавуваат дека вкупната казна може да изнесува до 2,5 милиони евра.

Де Лаурентис недела дена пред интернационалната пауа одлучи целиот тим со тренерите да го изолира во карантин поради лошите резултати, па следеше општа побуна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Анчелоти и играчите се побунија, го напуштија карантинот, па сега целата ситуација ќе добие епилог со жестоки казни.

Најголемата казна му се заканува на играчот од средниот ред Алан, кој би можел да загуби 200 илјади, што е половина од неговите месечни примања. Казната е поради тоа што играчот влегол во конгфликт со синот на претседателот и го навредувал.

Де Лаурентис најави дека ќе ги „дисциплинира“ фудбалерите и дека казни ќе има од 20.000 до 225.000 евра. Според „Кориере дело Спорт“ казната на сите играчи ќе изнесува околу 2.500.000 евра.

Ова е воедно и кршење на правилникот кој укажува дека на играч може да му се одземе до 25% од месечната плата, а Алан ќе биде казнет со 50%

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…