Koшаркарите на Денвер го надиграа Детроит со 95:92, со одличен учинок на Никола Јокиќ.
Српскиот центар имаше 23 поени и 15 скокови и 2 асистенции за 33 минути поминати на паркетот, а потфрли само во обидите за три поени (0-5), но тоа се надомести со одличната игра и на Мареј.
1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓
Во еден момент Јокиќ се истакна и со атрактивно забивање преку Блејк Грифин.
Nikola Jokic powers his way around Blake Griffin for what may be the most emphatic dunk of his career.
Albeit getting away with an offensive foul in the process 😉 pic.twitter.com/nHEw5vOmcZ
— Joel Rush (@JoelRushNBA) March 27, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=Bm58itf6X6U
Покрај Мареј и Јокиќ, ефикасен беше Џексон со 17 поени. Сега тимот на Денвер е изедначен по учинокот со Голден Стејт со 50:23.
Уште една одлична вечер имаше и Лука Дончиќ.
Дончиќ стигна до неговиот седми трипл-дабл во неговата прва НБА сезона и така стигна до ново достигнување во најсилната кошаркарска лига во светот. Во поразот на Далас од Сакраменто, Дончиќ беше најдобар стрелец (28) и асистент (12), а само неговиот соиграч Поуел имаше повеќе скокови од неговите 12, само еден повеќе.
Словенецот така по бројот на натпревари со трипл-дабл учинок пред американската полнолетност – 21 година го надмина Леброн Џејмс кој до тогаш оствари пет и се изедначи со Меџик Џонсон кој исто така има седум.
Дончиќ Леброн го прескокна во минатиот натпревар „сам“ го победи актуелниот шампион Голден Стејт за сега само два дена подоцна да се изедначи со Меџик.
Дончиќ пред само 27 дена наполни 20 години, а со оглед на тоа дека до крајот на регуларниот дел од сезоната има уште осум натпревари има големи шанси да го помине Меџик и да остане осамен на врвот.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Спарси 125:116
Кливленд – Бостон 106:116
Мајами – Орландо 99:104
Торонто – Чикаго 112:103
Милвоки – Хјустон 108:94
Минесота – Клиперси 111:122
Пеликанс – Атланта 120:130
Далас – Сакраменто 121:124
Денвер – Детроит 95:92
Лејкерси – Вашингтон 124:106