Изминатата ноќ во НБА лигата Далас Маверикс запиша пораз на гостувањето кај Хјустон.
Словенецот Лука Дончиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект реализирајќи 21 поен и 10 скока. Дончиќ имаше и некои потези кои веднаш беа забележани од присутните во саала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука со финтата со која стана веќе препознатлив со „степ-бек“ погоди тројка од голема далечина, а на истата наседна и Џејмс Харден.
Меѓутоа не беше се така совршено за Дончиќ, во еден момент од натпреварот Пи-Џеј „му продаде“ финта после која Словенецот загуби рамнотежа и малку недостасуваше да падне на паркетот.