Дома Останати Кошарка Дончиќ и покрај 46 поени скромен: Ништо не направив, платен си да победуваш

Дончиќ и покрај 46 поени скромен: Ништо не направив, платен си да победуваш

Лос Анџелес Клиперси ќе играат во полуфиналето на Западот против Јута. Тимот од Лос Анџелес во седмиот одлучувачки натпревар го побеид Далас со 126:111 и се пласираше во следната рунда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најдобар играч на Далас беше Лука Дончиќ кој одигра чудесен натпревар, но тој не беше доволен. Словенецот постигна 46 поени со што го изедначи личниот рекорд во НБА лигата.

Иако одигра навистина одлично, Дончиќ порача дека ништо не направил кога тимот бил елиминиран.

„Не направив ништо. Два пати стигнавме до плеј-офот и два пати испаѓавме во првата рунда. Платен си за да победуваш, а јас не успеав“.

Далас имаше 2:0 и 3:2 во серијата, но на крајот Клиперси се радуваа. Дали на Далас му е потребна реконструкција?

„Тоа е прашање за управата на клубот, не за мене. Јас сум само играч“, одговори Словенецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит – клубот ја прекина соработката!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот к…