Дома Фудбал Италија Донарума става потпис на договор вреден 30 милиони евра!

Донарума става потпис на договор вреден 30 милиони евра!

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а двете страни се блиску до договор.

Имено, Донарума наскоро ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност кон „росонерите“ до 2025 година. Голманот годишно ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Милан успеа да го убеди неговиот агент Раиола во договорот на Донарума да нема откупна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фабрика за фудбалски таленти: Вложија 65 милиони евра во академија, а сега создаваат страшни фудбалери (Фото)

Инвестициите во спортот честопати се покажуваат како најплодни кога зад нив стои јасна стр…