Tренерот на ЛА Клиперси, Док Риверс едвај можеше да каже нешто во интервјуто откако слушна за големата трагедија во која животот го загубија Коби и неговата 13 годишна ќерка.
Риверс беше потресен од трагедија и едвај можеше да каже нешто додека солзите капеа по неговото лице.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не знам што кажам. Ова се толку ужасни вести за секој што подолго и лично го познавал Коби. Имаше ДНК каква што имаат малкумина спортисти, веројатно единствена ДНК како него имаат Тајгер Вудс и Мајкл Џордан. Подобро го запознав откако се пензионирав. Ова е огромна загуба за НБА, шокантни вести за сите нас“, изјави Риверс.