Дома Останати Кошарка НБА Док Риверс експресно пронајде нов клуб по отказот во Клиперс

Док Риверс експресно пронајде нов клуб по отказот во Клиперс

Во финишот од НБА сезоната дојде до голем тренерски трансфер.

Досегашниот тренер на Лос Анџелес Клиперс, Док Риверс стана нов тренер на Филаделфија. Тоа е нешто за кое се шпекулираше, но сега се доби потврда.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Риверс неодамна се раздели од Клиперси откако испадна во полуфиналето на западната конференција од Денвер.

Генералниот менаџер на Филаделфија, Елтон Бренд брзо се договори со Риверс откако преговорите беа отворени во понеделникот.

Новиот тренер доби петгодишен договор и план да продолжи со градење на тимот околу Џоел Ембид и Бен Симонс. Опции за Филаделфија беа уште Мајк Д’Eнтони и Тајрон Лу, но Риверс доби предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Навивачите на Далас протестираа поради Дончиќ🎥

Фановите на Далас Маверикс не можат да се помират со одлуката на клубот да го испрати Лука…