Дома Фудбал Англија Договорот на Санчез проблем на „Олд Трафорд“ и тоа во преговорите со најважниот играч на тимот

Договорот на Санчез проблем на „Олд Трафорд“ и тоа во преговорите со најважниот играч на тимот

„Црвените ѓаволи“ во вчерашниот натпревар потешко од очекувањата стигна до победа, а солиден натпревар одигра Алексис Санчез.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Чилеанецот доби шанса од првата минута бидејќи се повреди Ромелу Лукаку и конечно заигра на позицијата централен напаѓач.

Алексис во Јуанајтед пристигна на почетокот на годината како големо засилување од Арсенал, но судејќи според се тоа изгледа не беше баш добар потег.

Манчестер Јунајтед во јануари направи се за да го доведе Алексис од Арсенал, додека во спротивен правец го испратија Хенрик Михтаријан, додека Санчез во Арсенал доби огромна плата и неделно инкасира по 500.000 фунти.

Тоа го прави Санчез далеку најплатен во тимот, зад него е Погба со 290.000 фунти, па Лукаку со 250.000 фунти.

Меѓутоа покрај тоа што се покажа како промашување во играчка смисла, може да донесе и проблеми во преговорите за новите договори на важните фудбалери во тимот, пред се тука се мисли на Давид Де Геа.

Јунајтед во овие моменти води преговори за продолжување на договорот со за нив веројатно најважниот играч во последните неколку сезони. Но, преговорите наводно не одат според очекувањата на клубот.

Англиските медиуми пренесуваат дека агентите на Де Геа и Марсијал сакаат значително поголеми плати за своите играчи, а за пример го даваат токму Алексис кој добива пола милион фунти неделно, иако игра навистина лошо.

Во Манчестер сигурно стравуваат од тоа во иднина да се соочуваат со вакви проблеми бидејќи сигурно никој од играчите не сака да прифати да има толку помала плата од играч кој не придонесува премногу. Секако, за тоа најмногу е виновен Санчез кој не ги оправда очекувањата и парите вложени во него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дилемата пред Модрич: уште една година во Милан или закачување на копачките на клин

Играчот од средниот ред на Милан Лука Модриќ има само две опции за својата фудбалска карие…