Дома Фудбал Останато Добри вести од Бразил: Пеле победува во најважниот натпревар

Добри вести од Бразил: Пеле победува во најважниот натпревар

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле е во болница во Сао Паоло поради лекување на рак на дебелото црево кој му беше откриен во септември минатата година, соопштија од локалната болница.

„Здравствената состојба на еден од најдобрите фудбалери е добра и стабилна и се очекува во наредните денови да ја напушти болницата“, се наведува во соопштението од болницата „Алберт Ајнштајн“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


81-годишниот Пеле мора да ја посетува клиниката најмалку еднаш месечно за да ги помине тестовите и да продолжи со хемотерапијата поради туморот на дебелото црево. Бразилецот е единствениот фудбалер кој освоил три светски првенства. Пеле го предводеше Бразил до титулата најдобар во светот во 1958 година во Шведска, четири години подоцна во Чиле и во 1970 во Мексико каде што беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Пред да му биде дијагностициран тумор на дебелото црево во текот на 2019 година беше сместен во болница во Париз, а потоа префрлен во Сао Паоло поради камен во бубрегот.

Легендарниот играч во 2014 година беше на интезивна нега поради инфекција на уринарниот тракт, а птоа мораше да му биде извршена дијализа на левиот бубрег. Во неговите последни јавни настапи кои ги имаше се движеше со помош на количка поради проблемите со колковите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…