Дома Фудбал Германија Добри вести за „милионерите“: Хумелс спремен за дербито со Баерн

Добри вести за „милионерите“: Хумелс спремен за дербито со Баерн

Двајцата многу важни фудбалери на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс и Аксел Витсел ќе бидат спремни за утрешното дерби со Баерн Минхен.

Утре на програмата е големото дерби од 28-то коло во Бундеслигата, каде Баерн и Борусија директно ќе одлучуваат за шампионската титула.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Милионерите“ во моментов заостануваат 4 бода, а добрата вест за тренерот Фавр е што повредените Хумелс и Витсел ќе бидат спремни за дербито.

„Изгледа дека треба да почекаме уште малку за да бидеме сосема сигурни. Но 99,9% е јасно дека Хумелс ќе биде спремен и ќе биде во тимот“, потврди Фавр.

„Што се однесува до Витсел тој уште вчера тренира со остатокот од тимот, денес одработи втор тренинг, така што тој е 100% на располагање за дербито со Баерн“, додаде тренерот на Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…