Дома Останати Кошарка Евробаскет Добар старт на Црвена Ѕвезда во финалето од АБА лигата – 1:0 против Цедевита

Добар старт на Црвена Ѕвезда во финалето од АБА лигата – 1:0 против Цедевита

Кошаркарите на Црвена Ѕвезда со победа на домашен терен вечерва извојува победа во првиот меч од финалето на АБА лигата против Цедевита.

Бранителот на трофејот, Црвена Ѕвезда дуелот го доби со 81:66 (16:27; 29:17; 21:10 и 15:12) и поведе со 1-0 во добиени натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гостите од Загреб подобро го почнаа натпреварот и во финишот на првиот дел имаа предност од 15 поени (26:11). „Црвено-белите“ до пресврт стигнаа во 16 минута кога поведоа со 31:30, а потоа имаа водство до крајот на натпреварот.

Чарлс Џенкинс од Црвена Ѕвезда со 20 поени беше најефикасен на дуелот.

Финалето се игра во серија подобар од пет (до три победи), а финалниот натпревар број 2 е на програмата утре исто така во Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Проблем за Лејкерс: Дончиќ мора да паузира

Лука Дончиќ нема да биде дел од составот на Лос Анџелес Лејкерс за натпреварот против Фини…