Дома Фудбал Италија Ди Франческо: Роналдо за Јувентус не значи и освоена титула однапред

Ди Франческо: Роналдо за Јувентус не значи и освоена титула однапред

ronaldo

Тренерот на фудбалерите на Рома, Еусебио Ди Франческо денес зборуваше за медиумите, а најмногу се задржа на Кристиано Роналдо и Јувентус.

Според него самото доведување на Роналдо не значи и дека Јувентус ја освоил титулата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Доведувањето на таков играч кој голем победнички менталитет може да му помогне на Јувентус во остварување на европски амбиции. Но, ништо не е однапред освоено“, изјави Ди Франческо за италијанските медиуми.

Јувентус доминира во италијанскиот фудбал, а со доведувањето на Роналдо дополнително ја зацвртси својата позиција.

„Нашата цел е да направиме се што можеме за да бидеме подобри. Нема да биде лесно, но сакаме да бидеме подобри од претходната сезона“, заврши Ди Франческо.
Рома минатата сезона заврши како третопласирана во Серија А, зад Јувентус и Наполи, а во Лигата на шампионите стигне до полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Чедомир Јаневски пронајде нов клуб

Искусниот македонски стратег Чедомир Јаневски пронајде нов ангажман во Кипар каде што ќе ј…