Дома Фудбал Лига на шампиони Динамо правеше огромни трансфери, но вчера ја оствари најголемата заработка во историјата на клубот

Динамо правеше огромни трансфери, но вчера ја оствари најголемата заработка во историјата на клубот

Фудбалскиот клуб Динамо Загреб повторно се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите.

Динамо преку Сабрутал, Френцварош и Росенборг се избори за настап во друштвото на најдобрите клубови во Европа и оваа есен ќе играат шест натпревари од групната фаза.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчерашното реми во Норвешка кое за Динамо беше како победа им ја донесе најголемата заработка во историјата на клубот.

Иако Динамо во минатите години знаеше да прави големи трансфери како оној на Марко Пјаца пред три години во Јувентус. Сепак, ништо не се мери со нивната заработка после ова реми.

Од пласманот во групната фаза Динамо заработи вкупно 25 милиони евра. Самиот пласман носи 15.25 милиони, додека УЕГФА од минатата година дели и повеќе од 500 милиони евра на клубовите кои ќе е пласираат во Лигата на шампионите на основа на нивниот успех во последните 10 години.

Динамо го има седмиот најслаб коефициент од екипите кои се пласираа во групната фаза и сега тоа значи дека ќе добијат дополнителни 7.7 милиони евра. Ако го пресметаме и маркетингот и продажбата на влезниците ќе добиеме износ од уште барем два милиони евра и доаѓаме до бројката од 25 милиони евра.

Покрај овие 25 милиони евра ќе имаат прилика да заработат уште некој милион во групата бидејќи секоја победа во групната фаза носи 2.7 милиони евра, а реми 900.000. За пласман во осминафиналето се добиваат дополнителни 9.5 милиони. Навистина неверојатни бројки за еден клуб од овие простори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…