Дома Македонски спорт Димитриевски: Би останал во Рајо до крајот на кариерата!

Димитриевски: Би останал во Рајо до крајот на кариерата!

Македонскиот голман, Столе Димитриевски често се поврзува со заминување од Рајо Ваљекано, а сега тој порача дека кога само тој би се прашувал би останал во Рајо и до крајот на кариерата.

Договорот кој го има со Рајо му истекува на 30-ти јуни и во меѓувреме интерес за него покажаа клубови како Валенсија, Севиља и Виљареал, меѓутоа Димитриевски секогаш им даваше предност на понудите на Рајо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сакам да останам уште долги години тука и да ја завршам кариерата во Рајо тоа не се променило, но не се прашувам само јас. Разговаравме со управата и се надевам ќе најдеме заеднички јазик да продолжам да бранам за Рајо.

Имаше многу шпекуалции за други клубови, но тоа не е вистина. Какви се шансите? Би кажал дека 90% ќе потпишам нов договор. Сепак, треба да го прашате и претседателот бидејќи секогаш има две страни кои треба да се договорот“, изјави Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…