Дома Фудбал Италија Дибала направи мал скандал, а Пирло го “замолчи“ после натпреварот

Дибала направи мал скандал, а Пирло го “замолчи“ после натпреварот

Дибала се уште ги чека првите минути во новата сезона. Шанса не доби ниту против Кротоне.

Аргентинецот се загреваше долго во второто полувреме, но Андреа Пирло не одлучи да го внесе во игра. Главната причина е што не бил доволно подготвен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Откако натпреварот заврши на патот кон соблекувалната Дибала направи мал скандал откако на директорот Паратичи му дофрлуваше зошто не бил внесен во игра.

На прес конференцијата после натпреварот Пирло ја “замолчи“ десетката на Јувентус со образложение зошто офанзивецот не добил минутажа.

„Во петокот тренираше само десет минути, се врати од репрезентативната пауза со гастроентеритис. Ова не беше идеален натпревар за него да игра бидејќи имавме и играч помалку.“ – објасни Пирло.

Натпреварот со Кротоне заврши 1:1, а Јувентус во поголемиот дел од натпреварот изгледаше безидејно и очајно, па пред Пирло е доста работа, а распоредот е исклучително густ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…