Дома Фудбал Италија Дибала влезе „во клубот“, иконата му посака добредојде: Ова се ноќи кои никогаш не се забораваат

Дибала влезе „во клубот“, иконата му посака добредојде: Ова се ноќи кои никогаш не се забораваат

Тимот на Јувентус вечерва стигна до втората победа во второто коло од Лигата на шампионите.

„Старата дама“ на домашен терен ја оправда фаворитската улога против швајцарскиот Јанг Бојс со победа од 3:0. Стрелец на сите три погодоци за клубот од Торино беше Аргентинецот, Паоло Дибала.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дибала постигна два погодоци во првиот дел и еден во вториот и со тоа беше најзаслужен за рутинската победа на својот клуб.

https://www.youtube.com/watch?v=Qoym1QEHweg

Со овие три погодоци Дибала стана четвртиот играч кој постигнал хет-трик за Јувентус во Лигата на шампионите. Пред него до ваков учинок стигнаа Алесандро Дел Пиеро, Пипо Изнаги и Артуро Видал.

Токму човекот од кого Дибала ја наследи легендарната „десетка“, Дел Пиеро вечерва му посака добредојде „во клубот“.

„Добредојде во клубот Паоло Дибала, ова се ноќи кои никогаш не се забораваат“, гласи твитот на легендарниот фудбалер на Јувентус.

del piero

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…