Дома Топ вести Де Јонг: За мене се пишуваат многу лаги…

Де Јонг: За мене се пишуваат многу лаги…

Френки де Јонг е една од најголемите мистерии во Барселона во овој момент.

Во текот на минатата сезона тој се здоби со три повреди на истиот скочен зглоб, а од последната пред половина година се уште нема настап.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холанѓанецот даде интервју за клупската телевизија во кое ја откри својата страна на приказната. Тој одговори и на гласините дека е убедливо најплатен играч во тимот со 37 милиони евра.

„Работите што се појавија за мене едноставно не се вистинити, како што се пишуваше дека сум одбил да одам на операција и дека заработувам 37 милиони евра. Сето тоа е далеку од вистината. Луѓето се фрустрирани затоа што мислат дека заработувам толку и дека не го слушам клубот, а одам на одмори кога што ќе посакам, но ништо од тоа не е вистина“, изјави Де Јонг.

Операцијата Де Јонг не ја направил затоа што во клубот заеднички донеле таква одлука.

„Не е точно дека клубот ми кажа да одам на операција и дека одбив. Сите во клубот, лекарите и јас се согласивме дека операцијата не е најдобро решение“, рече тој.

Исто така, Холанѓанецот признава дека поради честите повреди има психички блокади на истото место.

„Трите повреди на истиот зглоб предизвикаа еден вид психолошка бариера. Постепено ми се враќа самодовербата, да можам да се чувствувам слободен со топката, да влезам во дуели и наскоро ќе се вратам. За мене е многу фрустрирачки затоа што јас сум човек кој живее за фудбалот и сакам да играм“, призна Де Јонг.

Според најавите Де Јонг би можел да добие зелено зветло за натпреварот во вторник од Лигата на шампионите против Јанг Бојс или натпреварот следната недела против Алавес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…