Дома Фудбал Италија Де Роси официјално нов тренер на Рома

Де Роси официјално нов тренер на Рома

Како и што се најавуваше, Даниеле де Роси е нов тренер на Рома, откако денес Мурињо доби отказ од раководството.

Де Роси потпиша договор со Рома до 30 јуни 2024 година, односно до крајот на тековната сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Благодарност до семејството Фридкин за довербата што му ја укажаа и што ми доделија вака одговорна функција. Ќе дадам се од себе за да се соочиме со предизвиците што не очекуваат. до крајот на сезоната“, изјави Де Роси.

Де Роси е легенда на Рома, а тренерската кариера ја започна пред година и половина и беше кормилар на СПАЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…