Дома Фудбал Италија Де Лихт се отвори: Не се чуствувам повеќе непобедливо и играм со помалку самодоверба

Де Лихт се отвори: Не се чуствувам повеќе непобедливо и играм со помалку самодоверба

Maтијас Де Лихт ова лето пристигна во Јувентус како големо засилување, меѓутоа на стартот од сезоната не прикажува настапи какви што се очекуваше.

Сега скапоцениот дефанзивец ја отвори душата пред новинарите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Знам дека се уште не сум на најдоброто можно ниво. Но, колку повеќе играм толку побрзо ќе го достигнам. Она што можам да го направам е напорно да тренирам, да давам се од себе и да учам од соиграчите“.

„Во Ајакс имав чуство на непобедливост. Сега тоа чуство помалку го чустувам, но тоа е приородно. Играм со помалку самодоверба од минатата сезона. Во нов клуб сум, нов систем на игра, нов тренер и нови соиграчи. За мене се е ново. Поинакво ми е опкружувањата, но мислам дека сум се подобар“, изјави Де Лихт и за крај порача дека е горд на едно нешто.

„Се уште не сум изгубил натпревар. Ниту со Јувентус, ниту со Холандија и среќен сум поради тоа“.

Ќе потсетиме, Јувентус за Де Лихт плати сума од 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…