Дома Трансфер зона Дејвид Мојс во Вест Хем добива засилување од ПСЖ

Дејвид Мојс во Вест Хем добива засилување од ПСЖ

Eкипата на Вест Хем го договорила трансферот на Тил Керер од ПСЖ.

Поразот од Нотингем Форест беше причина Вест Хем да побара засилувања. Дејвид Мојс од управата побара стопер и бек, па интерес имаше за неколку фудбалери.

Претходно се споменуваше Емерсон Палмери од Челзи, но сепак сега „сините“ се насочија во друг правец. На вчерашниот состанок, Керер и Вест Хем брзо ги договориле личните услови и сега останува уште да се усогласат деталите со ПСЖ.

Кристоф Галтие нема ништо против Керер да се пресели во Лондон затоа што не смета него. Од друга страна Мојс ќе добие одлично засилување и играч кој може да ги покрива стоперските и бековските позиции.

Очекувањата се трансферот да изнесува околу 19 милиони евра, а Керер ќе потпише договор на пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јуве…