Дома Фудбал Останато Дешамп го објави списокот: Противниците веќе се плашат, но во Франција има незадоволни

Дешамп го објави списокот: Противниците веќе се плашат, но во Франција има незадоволни

0

Селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидиер Дешамп денеска го објави списокот на играчи на кој ќе смета во претстојните квалификации за Европското првенство 2020. година.

Шампионот на светот веќе одамна има моќна репрезентација и огромен „базен“ за селекција на играчи, особено кога станува збор за офанзивата, па Молдавија и Исланд тешко дека ќе можат да се справат со Франција во претстојните натпревари. Сепак, во француската фудбалска јавност има доста незадоволни поради списокот на Дешамп.

Некои сметаа дека и Бакајоко требало да добие повик поради добрата форма во дресот на Милан, како и дека не списокот, наместото на некои други, по прв пат би требало да се најде дефанзивецот на Барселона, Клемен Легле.

Најмногу внимание се посвети на тоа што повик не добија Лаказет и Бен Једер. Особено тоа се однесува на случајот на играчот на Севиља, Висам Бен Једер кој многумина го сметаат за најпотценет играч во Европа. Бен Једер оваа сезона постигна 26 гола и запиша шест асистенции во Севиља, но тоа не беше доволно за повикот од Дешамп.


Следете го Sportski.mk и на


Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кек: Македонија е многу активна и воиграна

Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во…