Овој викенд нас не очекува новото коло во МЛС шампионатот, а за вас овој пат издвоивме доста интересен натпревар во кој силата ќе ја мерат Чикаго и ДЦ Јунајтед.
Чикаго: Најголемо разочарување!
Иако од фудбалерите на Чикаго очекувамве доста подобри партии оваа сезона, моментално тие се најголемото разочарување во МЛС. Имено, оваа екипа во овој момент се наоѓа на 10-то место на табелата на источната конференција што сосема сигурно никој не го очекуваше ова пред да започне шампионатот. Најдобар показател за тоа е фактот дека оваа екипа во прелазниот рок ангажираше квалитетни фудбалери, од кои се очекуваше дека оваа екипа ќе ја водат до тронот. Како и да е мора да признаеме дека Чикаго не личи на себе, а во минатото коло изигра еден солиден натпревар, но сепак доживеаа пораз на гостувањето кај Филаделфија.
ДЦ Јунајтед: И оваа екипа има големи амбиции!
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
ДЦ Јунајтед минатата година направи нов стадион, а тоа беше само почеток, бидејќи сопствениците од клубот најавија дека нивната екипа во блиска иднини ќе ја нападне шампионската титула. Како што стојат засега работите, веќе во оваа сезона главната цел на екипата од Вашингтон им е борбата за прво место, но нема сомнеж дека тоа нема да биде лесно со оглед на силната конкуренција во МЛС. Во минатото коло ДЦ доживеа пораз на гостувањето кај Атланта, а тоа е една од најдобрите екипи, но и покрај тоа Вејн Руни и другарите не не разочараа во тој натпревар.
Наш предлог:
Фудбалерите на Чикаго повеќе немаат право на кикс, но ги очекува доста тежок натпревар бидејќи ДЦ игра фантастично оваа сезона. Сепак сметаме дека Чикаго конечно ќе блесне и ќе победи, па затоа ви предлагаме 1 со коефициент од 1.70 во Bet365. Похрабрите ги советуваме да испробаат со Х-1 во истата обложувалница со квота 4.33.