Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дерби на денот: Роналдо сака да ги освои Алпите

Дерби на денот: Роналдо сака да ги освои Алпите

Денес ќе бидат познати последните два патници во четвртфиналето на Мундијалот, а сите очи ќе бидат вперени во дуелот помеѓу Португалија и Швајцарија.

Португалија според очекувањата заврши на првото место во групата, иако тоа не беше воопшто лесно, а Швајцарија се избори за второто место во групата и покажа одличен квалитет.

Роналдо сака да се искачи на Алпите


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Португалија е фаворит од сенка на ова Светско првенство, кое е последно за најголемата фудбалска ѕвезда која некогаш ја имала оваа земја, Кристиано Роналдо. Најголем успех на оваа репрезентација е секако освоеното Европско првенство во 2016 година, каде исто така не беа меѓу главните фаворити. На првите два меча од групата покажаа дека имаат квалитет да стигнат далеку на овој Мундијал, па го освоија првото место во групата, која воопшто не беше лесна. Поради тоа поразот во последниот меч против Кореја не може да се земе во предвид бидејќи Португалците играа без императив и со мешан состав. Сега на патот им доаѓа Швајцарија против која имаат голема меѓусебна традиција, одиграни 15 меча на кои Португалија запиша шест победи, пет порази и четири пати одиграле реми. Ова е последниот танц на Роналдо на голема сцена и сигурно ќе сака да оставри одличен впечаток. Тој е лидер на репрезентацијата, а сега има противник по мерка за уште еднаш да го покаже својот квалитет.

Швајцарија кога е потценета е најопасна

Швајцарската репрезентација уште еднаш покажа дека знае да игра турнирски и никогаш не смее да се потцени на големите натпреварувања. Освен очекуваниот пораз од Бразил победија на останатите два меча од групата и заслужено се најдоа во осминафиналето. Оваа репрезнетација нема изразита ѕвезда, па токму поради тоа игра организирано и е најопасна кога ќе биде потценета. На Швајцарија и одговара кога ја нема улогата на фаворит, па може да се насочи кон одбрана и преку контранапади да го порази противникот. Двете репрезетации одлично се познаваат бидејќи одиграа два меча во јуни во Лигата на нации, а Швајцарија победи на домашен терен, но запиша тежок пораз во Лисабон. Се чини дека ова крајниот домет на оваа репрезентација и дека за неа нема место меѓу осумте најдобри, но сепак нема лесно да се предадат и имаат свои адути за да ги искористат против Португалија.

Очекување

Португалија е фаворит, но очекуваме тежок и израмнет меч кој ќе го одлучуваат мали детали. Швајцарија ќе се обиде да ги затвори сите приоди кон голот и да се заканува преку конранапади, па поради тоа не очекуваме многу голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…