Дома Најава Дерби на денот: Англија – Шпанија, најава и анализа

Дерби на денот: Англија – Шпанија, најава и анализа

0

Лигата на Нации секојдневно ни носи по некој дерби натпревар. Еден од најинтересните мечеви во првото коло ќе се одигра на Вембли. Англија е домаќин на Шпанија која на островот отпатува со нов тренер и многу промени во тимот.

Позитивните вибрации од Мундијалот добродојдени за Англија

Есента само што почнува, а тос го поттуркнува летото кое долго ќе се памети во Англија. Позитивноста што ја дефинираше кампањата на Англија на Светското првенство е ретка кога во прашање е оваа репрезентација.

Герет Саутгејт сега е херој на островот и тоа со право. Беше испратен во Русија со потценување, но се врати со високо крената глава. Но сега само неколку месеци подоцна, неколку нови лица треба да донесат уште подобри нешта во Англија. Лук Шо е во одлична форма и веројатно ќе ја преземе улогата на лево крило. Џо Гомез ќе биде подготвен да изгори на терен откако го пропушти Светското првенство поради повреда. Џејмс Тарковски пак ќе го гледаме стандардно во годините што следат.

Го нема Рахем Стерлинг, па Маркус Рашфорд се очекува да ја предводи напаѓачката линија со Хари Кејн. Дали тоа ќе биде доволно против Шпанија е уште едно големо прашање, но засега се уште има многу причини да англичаните да веруваат во националниот тим.

Шпанија со трет тренер за три месеци

Шпанија доаѓа во Англија со третиот тренер во последните три месеци. Затоа уште сега е јасно дека Шпанија ќе ја гледа стабилноста на Англија со степен на љубомора. Имаше хаотично лето за Шпанија, кога Лопетеги го презема Реал Мадрид непосредно пред Светското првенство. Фернандо Јеро ја водеше Шпанија, но веројатно без преголем притисок. Резултатите беа лоши, но по се што се случуваше беа очекувани.

По сето тоа, Шпанија се сврти кон Луис Енрике, поранешниот менаџер на Барселона. И повторо имаше многу прашалници во шпанската јавност по неговото назначување. Но неговиот непринципиелен пристап врз играта би можел да донесе дисциплина во тимот. Жорди Алба е веднаш отстранет од тимот.

Со Андрес Иниеста, Давид Силва и Џерард Пике кои се пензионираа од репрезентацијата, екипата ќе има нов изглед. Маркос Алонсо, Сусо, Родри, Серџи Роберто, Дани Цебалос, Хозе Луис Гаја, Диего Љоренте и Иниго Мартинез се меѓу оние кои се надеваат дека ќе имаат шанса, а Серхио Рамос и Серхио Бускетс ќе ја претставуваат старата гарда.

Англија по традиција игра тешко со Шпанија

Англија по традиција игра тешко против Шпанија. На послендите 12 меча помеѓу овие две репрезентации, Англија победи во само три наврати. Тие, исто така не успеаја да дадат гол на шест од последните девет меѓусебни средби. Според тоа донекаде оправдан е коефициентот 3.05 во 1хBet за победа на Англија.

Сепак моменталната ситуација е на страната на домаќинот. Тие имаат одличен рекорд на домашен терен со 14 последователни победи и 24 средби без пораз во официјалните средби.

Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Проблем: Барди не игра против Словенија и Полска

Македонија во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2020 година во октомврс…