Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби во ЛШ: Борусија Дортмунд – Реал Мадрид, анализа и предлог тип

Дерби во ЛШ: Борусија Дортмунд – Реал Мадрид, анализа и предлог тип

Дербито на денот во вторник во Лигата на Шампионите ќе се одигра во Германија, каде Борусија Дортмунд ќе го пречека бранителот на трофејот Реал Мадрид. Дортмунд е во извонредна форма, додека Реал е во мала криза но нивните меѓусебни дуели досега се гаранција дека ќе следиме еден крајно неизвесен и интересен меч со многу голови и на двете страни.

Двете екипи и минатата сезона беа во иста група

Интересно овие две екипи и минатата сезона беа во иста група во Лигата на Шампиони. Тогаш двата меча завршија нерешено и со идентичен резултат 2:2, но Реал во групата одигра изненадувачко реми и со Легија во Варшава па Дортмунд заврши на првото место со два бода предност. Сепак тоа не ги расипа плановите во Реал Мадрид, екипата остана мирна и покажа дека знае како да одигра на резултат во Лигата на Шампионите па на крајот го крена престижниот трофеј и стана првата екипа која две години по ред станува шампион на Европа, пишува Kladenje.mk.

Реал Мадрид во резултатска криза

Реал Мадрид е во мала резултатска криза и на последните 5 меча во Ла Лига забележа по две победи и нерешени средби и еден пораз, со што факт е дека стартот насезоната е спротивен на очекувањата. Начинот на кој Реал Мадрид стигна до втората шампионска титула по ред минатата сезона, настапот во финалето и победата од 4:1 над Јувентус како и освојувањето на Супер Купот на УЕФА во Скопје и Супер Купот на Шпанија остави впечаток дека шпанските шампиони се убедливо најдобриот тим на континентот и дека сезонава поторно ќе се прошетаат низ Европа, но суспензијата на Роналдо од 5 натпревари се покажа како кобна за тимот и лошите резултати дојдоа сами по себе. Сезонава Реал Мадрид нема значајни засилувања, но конечно….

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ ПОРТАЛ КЛАДЕЊЕ.МК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Куман: Само еден човек се прашува за иднината на Меси

Тренерот на Барселона има многу поголеми грижи од иднината на Лионел Меси. Неговиот тим е …