Дома Фудбал Италија Дербито на „Џузепе Меаца“ распродадено, Интер со рекорден приход!

Дербито на „Џузепе Меаца“ распродадено, Интер со рекорден приход!

Дербито меѓу Интер и Јувентус на „Џузепе Меаца“ најверојатно ќе биде најбогатиот меч во историјата на Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Ова ќе биде 236-то вакво дерби, а стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде преполн, па веќе е целосно распродаден.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер продал 75.000 билети и ќе има рекордна заработка од 6,5 милиони евра, што е рекорд за италијанскиот фудбал.

Весникот исто така објаснува дека на трибините ќе има над 100 нациионалности, бидејќи над 20% од билетите се купени од странство. Покрај тоа, дербито ќе го пренесуваат на 40 ТВ-мрежи во над 200 земји.

Интер после шест одиграни кола има максимален број на бодови, а Јувентус е втор на табелата со само два бода помалку. После повеќе години двата клуба се директни конкуренти за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инцидент на „Енфилд“: Помошникот на Симеоне ги плукаше навивачите на Ливерпул (Видео)

Ливерпул на „Енфилд“ го победи Атлетико Мадрид (3:2) во првото коло од Лигата на шампионит…