Дома Фудбал Репрезентации Денес сите играат фудбал: 202-та репрезентација победи после една деценија! (ВИДЕО)

Денес сите играат фудбал: 202-та репрезентација победи после една деценија! (ВИДЕО)

Вчера во Европа беа играни натпревари од квалификациите за ЕП додека во друг дел од светот се играа натпревари од квалификациите за Мундијалот.

Така видени беа многу интересни натпревари во азиските квалификации, а во Џибути одигран беше еден „историски“ натпревар.


Имено, репрезентацијата на Сомалија која официјални натпревари се уште не може да игра на свое тло приреди големо изненадување и како домаќин (формален) славеше над Зимбабве со 1:0.

Сомалија славеше благодарение на голот на Шакунда во 86-тата минута. Ова беше прва нивна побда во едни квалификации за СП во историјата. Сомалија до вчера одигра 11 натпревари во квалификациите за СП, три пати ремизираше и осум пати изгуби.

Исто така за Сомалија ова е прва победа во еден квалификациски натпревар уште од 1984 година кога во квалификациите за Африканскиот куп на нации ја совладаа Кенија. Треба да се додаде уште и дека ова за нив е прва победа во било каков натпревар уште од јануари 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пеколен план на Манчестер сити: Пеп плаќа 200 милиони евра за двајца фудбалери

Манчестер Сити првпат под водство на Пеп Гвардиола ќе заврши сезона без трофеј, што значи …