Дома Топ вести Дембеле со еден потег најави спектакуларна трампа (фото)

Дембеле со еден потег најави спектакуларна трампа (фото)

Барселона денес повторно ќе се состане со претставници од ПСЖ за да го направи последниот обид за ангажман на Нејмар.

Шпанските медиуми вчера објавија дека Парижаните се спремни да го пуштат Нејмар за 100 милиони евра, но во спротивна насока да ги добие плус Дембеле и Семедо.

Осман Дембеле и порано се споменување како играч кој би можел да биде дел од понудата која може да ги задоволи „светците“.

Французинот пред 2 години во рекорден трансфер стигна на Камп Ноу, но разочара, па Барса е спремна да го пушти со оглед на тоа дека правеше проблеми и надвор од теренот, а имаше и неколку повреди

Додека трае приказната околу неговото потенцијално заминување од Камп Ноу и потпис за ПСЖ, Дембеле направи нешто што додатно ги разгоре шпекулациите.

Имено, Французинот од својот Инстаграм профил ја тргна Барселона од својата биографија, а дали тоа значи дефинитивно заминување останува да видиме.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мартин Брајтвајт – уште една во низата грешки на Барселона

Мартин Брајтвајт е уште еден во низата лоши потези на управата на Барселона. Каталонскиот …