Дома Фудбал Останато Дел Пиеро се спореди себе со Меси и Роналдо

Дел Пиеро се спореди себе со Меси и Роналдо

Поранешниот капитен на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро се спореди себе со најдобрите играчи на денешницата Лионел Меси и Кристиано Роналдо, а зборуваше и за продолжувањето на Серија А и Бундеслигата.

Дел Пиеро смета дека е поблиску до ѕвездата на Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Поблиску сум до Меси. Не сум баш висок. Кога играв се обидував да постигнам гол и да и помогнам на екипата користејќи ги своите вештини. Кристиано е друг тип на играчи, многу е физички силен“.

Дел Пиеро зборуваше за предлогот на Клаудио Лотито за Јувентус и Лацио да играат плеј-оф за шампион на Италија.

„Се ова е многу чудно бидејќи прв пат сме соочени со нешто непознато, мораме да се однесуваме поинаку. Тешко е да се носиме со ситуацијата. Ми недостасува фудбалот и сите негови сегменти. Идејата на Лотито? Навистина се надевам дека постои начин на кој ќе го завршиме првенството на примерен начин. Можеби ќе мора да се игра во јули и август, но се надевам дека нема да има промена на форматот, понишување на натпревари“, изјави Дел Пиеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Meси се посрамоти обид за паненка (Видео)

Фудбалерите на Интер доживеаа тежок пораз од Шарлот со резултат од 3:0, а решавачкиот моме…