Дома Останати Тенис Девојчето кое ја расплака Америка: Знам, сите сакавте таа да победи, цел Њујорк е со нејзини реклами

Девојчето кое ја расплака Америка: Знам, сите сакавте таа да победи, цел Њујорк е со нејзини реклами

osaka

Наоми Осака израсна во нов бисер на светскиот тенис откако во финалето ја победи домашната тенисерка и фаворитката за освојување на турнирот Серена Вилијамс.

„Фестивал на солзи“ како што никогаш досега не е виден во женскиот тенис видовме во вчерашното финалето на УС Опен помеѓу Серена Вилијамс и Наоими Осака.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Серена со скандалите кои ги направи незадоволна од судиските одлуки и го украде моментот на кариерата на 20 годишната јапонска тенисерка.

„Кога ќе излезам на теренот, јас не сум фан на Серена, туку сум тенисерка која игра против друга тенисерка“, откри тенисерката која е родена во градот со исто име како и нејзиното презиме.

„Знам дека многу го посакуваше тој трофеј, па цел Њујорк е со нејзини реклами. Кога бев мала навистина сонував да бидам како неа, ја имав целата нејзина опрема, ја имитирав…Во моментот кога после мечот ме прегрна се чуствував како тоа мало девојче“, зборуваше Осака.

Потоа таа потенцираше и дека знае дека целата публика навивала за Серена.

„Знам дека сите навивавте за неа, извинете што испадна вака. Можам да ви заблагодарам што бевте дел од ова финале. Мојот сон беше да играм против мојот идол во едно финале, сега се оствари, не можам да опишам колку сум среќна што дури и победив“, заврши Јапонката.

Од победата над Серена и освојувањето на УС Опен, 20 годишната тенисерка ќе инкасира сума од 3.8 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…