Дома Останати Тенис Бесната Серена по скандалите кои ги направи обвини за полова нееднаквост!

Бесната Серена по скандалите кои ги направи обвини за полова нееднаквост!

serena

Јапонката, Наоми Осака изненадувачки ја победи Серена Вилијамс во финалето на УС Опен кое беше исполнето со скандали поради беснеењето на фаворитката, Серена.

Незадоволна од одлуките Серена беснееше, плачеше, разговараше со супервизорот, крешеше рекети, но на крајот сепак го изгуби мечот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За иронијата да биде поголема нејзиниот тренер, Патрик Муратоглу по мечот за медиумите потврди дека и давал инстркуции на Серена и така ја оправда одлуката на судијата.

Серена после мечот зборуваше за полова нееднаквост и истакна дека не е и јасно зошто нејзиниот тренер кажал дека и давал инстркуции.

„Не ми е јасно зошто Патрик во медиумите кажал дека ми давал инстркуции. Можеби нешто покажувал, но јас секако не му посветив внимание…Како што кажав, ние немаме никакви тајни знаци. Иако Карлос Рамос го сметам за голем судија, не можам да кажам дека погрешив кога го нарекува крадец! Во тој момент чуствував дека ми е одземено нешто што е мое, мислам дека тој направи токму нешто тавко“.

„Помеѓу машките тенисери често пати има многу повеќе советување, па ништо не се случува. Ние тука се бориме за правата на еднаквоста за жените, а се случуваат вакви работи. Претходно на турнирот Ализ Корне мораше да се соочи со опомена затоа што ја промени маицата затоа што погрешно ја облекла, а тенисерите често пати ги соблекуваат маиците и никој досега не бил казнет“, изјави гневната Серена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер: Ве молам не ме споредувајте со Ѓоковиќ

Во овој момент Италијанецот, Јаник Синер е втор најдобар тенисер во светот. Од почетокот н…