Дома Останати Кошарка Евробаскет Два натпревари суспензија за Мршиќ – Цедевита ќе ја води Поцеко

Два натпревари суспензија за Мршиќ – Цедевита ќе ја води Поцеко

Tренерот на Цедевита, Вељко Мршиќ, нема да го предводи својот тим на првите два натпревари од финалната серија во регионалната АБА лига. Цедевита на првите две средби, против Црвена звезда во Белград ќе ја предводи асистентот на Мршиќ, Џанмарко Поцеко.

Предводникот на Цедевита, Вељко Мршиќ, по третиот полуфиналне натпревар против Партизан, кој неговиот тим го доби и се пласира во финалето, го коментираше судењето. Поради неговите коментари АБА лигата реши да го суспендира на два натпревари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Суспензијата на Мршиќ преставува дополнителен удар за Цедевита, која финалната серија ќе ја одигра без Марко Араповиќ, кој ја заврши сезоната, а веројатно и Рајан Боутрајт.

Првите два натпревари од финалето ќе се одиграат на 10 и 11 април во Белград, третиот е на програмата на 13 април во Загреб, а доколку биде потребно четвртиот меч е закажан за 14 април, а 16 април е терминот во кој би се играла евентуалната мајсторка во Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

На легендарен тренер му изгоре домот до темел (Видео)

Од САД пристигна шокантната вест дека куќата на легендарниот тренер на Мајами Хит, Ерик Сп…