Долго време се шпекулира за негов трансфер, но Бојан Миовски се уште е фудбалер на Абердин.
Според последните информации на „Дејли Мејл“ сега понуди за Македонецот подготвуваат два клуба, Саутемптон и Џенова.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Миовски веќе и ја започна сезоната со Абердин, не постигна гол, но одигра солиден натпревар во кој и ја погоди пречката.
Сумата за која Абердин би го пуштил Миовски се очекува да биде околу 6.5 милиони фунти. Претходно и Болоња се поврзуваше со Миовски, но нивниот интерес како да стивна.
Коментари