Дома Трансфер зона Двајца одлични „светци“ спремни да го напуштат Париз веќе во јанаури!

Двајца одлични „светци“ спремни да го напуштат Париз веќе во јанаури!

По одличните засилување во ПСЖ, веројатно следи и период во кој францускиот клуб ќе го напуштат некои од фудбалерите.

Францускиот клуб во продолжение од сезоната би можел да остане без Хавиер Пасторе и Анхел Ди Марија.

Аргентинскиот тандем е голема желба на милснки Интер, а спортскиот директор на ПСЖ, Ентеро Енрике не ја отфрли можноста за нивна проджба.

„За мене Ди Марија е чудесен фудбалер. Не постојат многумина како него на неговата позиција. Пасторе веќе име долга историја во овој клуб и по тоа е единствен. Овие два фудбалери се многу важни, но во предвид мораме да земе три работи, тоа се интересите на клубот, фудбалерите и пазарот“, порача Енрике.

И Пасторе и Ди Марија посакуваат клуб во кој ќе имаат поголема улога отколку во ПСЖ. Тоа им е посебно важно бидејќи следната година се одржува Светското првенство, па со поголема минутажа во новиот клуб сакаат себе си да си обезбедат место во Русија.

Ди Марија оваа сезона одигра 13 натпревари и постигна два погодоци и запиша четири асистенции. Пасторе одигра еден натпревар помалку, а постигна два погодоци повеќе.

ПСЖ го доведе Ди Марија пред две ипол години за 63 милиони евра од Манчестер Јунајтед, а Пасторе во овој клуб настапува уште од 2011 година кога пристигна од Палермо за сума од 42 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја „краде“ ѕвездата на Рома

Милан покажува силен интерес за играчот за врска на Рома и италијански репрезентативец, Ло…