Дома Македонски спорт Дарко Панчев ја испофали Црвена Звезда по пласманот во Лигата на шампионите

Дарко Панчев ја испофали Црвена Звезда по пласманот во Лигата на шампионите

Maкедонската фудбалска легенда Дарко Панчев често пати ги коментира случувањата во неговиот поранешен клуб Црвена Звезда каде што е исклучително ценет за неговиот допринос во минатото.

Сега откако Звезда успеа да се пласира во Лигата на Шампионите, Панчев не штедеше пофални зборови за работата на управата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Во фудбалот работите брзо се менуваат и тешко е да обезбедите место во групната фаза од Лигата на шампионите. Денешниот фудбал многу зависи од парите, едноставно такво е времето. Звезда врши одлична работа за промоција на клубот во меѓународни рамки. Пласманот во елитата ќе донесе финансиски средства, но и добри натпревари за гледање за публиката.

Постигнува Звезда одлични резултатите во измиантите години и тоа е благодарение на директорот Звездан Терзиќ и спортскиот директор Митар Мркела кои заедно со остатокот од управата работат навистина одлично“, изјави Панчев.

Звезда со пласманот во Лигата на шампионите сезонава ќе има чест да настапува во првата сезона од новиот формат во ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пауновиќ не чекаше долго, откри дали ќе остане на клупата на Србија!

Вељко Пауновиќ преку својот Инстаграм профил испрати суптилна, но надежна порака, која по …