Дома Фудбал Дани Алвес може да добие 9 години казна затвор

Дани Алвес може да добие 9 години казна затвор

Бразилскиот фудбалер Даниел Алвес би можело да заглави дури девет години во затвор, ако судот во Барселона го прифати барањето на обвинителството.

Имено, обвинителството бара Алвес да добие деветгодишна затворска казна и на жртвата на неговото силување да ѝ плати 150.000 евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алвес и понатаму се бори против обвиненијата дека силувал девојка на 30. декември 2022. Настанот за кој е обвинет се случил во ноќен клуб во Барселона, Алвес се обиде да се брани тврдејќи дека односот бил без никакво присилување, но се појавија и четири сведоци.

Судењето и пресудата би можеле да бидат во првите три месеци од 2024 година. Има опција и Алвес да признае вина и да се постигне договор со оштетената страна, што значително би му ја намалило казната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…