Дома Најава Дали ќе има „трета среќа“: Шкендија против Розенборг ќе брка историја!

Дали ќе има „трета среќа“: Шкендија против Розенборг ќе брка историја!

Фудбалерите на Шкендија вечерва му гостува на Розенборг во првиот меч од плејоф рундата за групна фаза во УЕФА Европа лигата и ќе е обиде да испише историја.

Фаворитската улога е на страната на норвешкиот гигант, кој веќе е добро скениран од тетовските Црвено-црни, кои, пак ослабени за дефанзивецот, Бејтулаи, веруваат во своите квалитети.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, македонскиот шампион е свесен и за третата шанса во низа што ја има пред себе за да обезбеди пласман во групната фаза, што ќе значи уште најмалку шест европски натпревари.

„Во фудбалот се е можно. Ќе се обидеме да ги искористиме нашите шанси за пласман во групната фаза. Го анализиравме противникот и имаме голема почит кон нив. Мислам дека победникот од овој двомеч ќе се одлучува на реваншот во Скопје“, изјави Ќатип Османи, тренерот на Шкендија.

На претходните три гостувања во квалификациите за Лигата на шампиони ова лето, тетовци забележаа два пораза и реми. Загубија од ТНС во Велс со 0:4 и од Салцбург со 0:3, а мрежите мируваа во Тираспол во реваншот со Шериф.

Доколку сака продолжување на настапите во Европа есенва и повторување на ланскиот успех на Вардар, Шкендија ќе мора, пред сѐ, да ја подобри ефикасноста, оти нема дадено ниту гол на последните три средби.

Според букмејкерите Розенборг е апсолутен фавиорит на овој меч. Коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.27 за реми 5.30 додека за победа на Шкендија коефициентот е 13.00.

Предлог тип:

Повеќе од 2,5 гола @1.86 во Coinbet24

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…