Дома Фудбал Италија Дали Елмас конечно е негативен на Ковид-19?

Дали Елмас конечно е негативен на Ковид-19?

Tимот на Наполи денес објави дека сите тестови се негативни, но не е јасно дали Елиф Елмас е помеѓу тестираните фудбалери.

Минатата недела Наполи имаше слична објава и се мислеше дека Елмас го победил Ковид-19, сепак не беше така. Ден подоцна Наполи објави дека нашиот фудбалер се уште е позитивен.

Деншната објава на клубот од Неапол гласи:

„Сите тестови кои беа направени вчера се негативни, чекаме резултати од уште еден тест направен денес“, стои во објавата на Твитер профилот на Наполитанците.

Како и да е без разлика дали Елмас сега е негативен тој сигурно нема да може да настапи на дуелот во Лига Европа против Аз Алкмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Михајловиќ за „кртот“ во соблекувалната: Ќе го обесам на ѕид

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека има „крт“ во собчекувалната и во моментов …