Дома Останати Кошарка НБА Дабл-дабл на Јокиќ, трипл-дабл на Дончиќ: Победи за Денвер и Далас

Дабл-дабл на Јокиќ, трипл-дабл на Дончиќ: Победи за Денвер и Далас

Tимот на Денвер успеа да слави во дербито во НБА лигата против Бруклин со 124:118.

Одново одличен натпревар одигра српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој оствари дабл-дабл од 26 поени и 10 скока, за трипл-дабл му недостасуваа само уште две асистенции. Денвер е шести во Западната конференција откако остварија три врзани победи. Вкупниот учинок на овој тим 26 победи и 21 пораз. Баруклин на Истокот е четврти со 29 победи и 19 порази.

Далас славеше на гости кај Портланд со 112:132. Мавси беа предводени од кој друг ако не од Лука Дончиќ кој го оствари својот 42-трипл-дабл со 15 поени, 15 асистенции и 10 скока. Кристап Порзгинс поентерски беше најефикасен со 22 поени, а треба да се истакне и дабл-дабл учинокот на Џејлен Бренсон со 20 поени и 11 асистнеции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Портланд –  Далас 112:132

Кливленд – Милвоки 115:99

Индијана – Шарлот 126:158

Орландо – ЛА Клиперс 102:111

Атланта – Сакраменто 121 104

Мајами – Њујорк 110:96

Бруклин – Денвер 118:124

Чикаго – Торонто  111:105

Сан Антонио – Мемфис 110:118

Јута – Феникс 97:105

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…