Дома Трансфер зона Гундоган постигнал договор со Барселона, но во игра е и Арсенал

Гундоган постигнал договор со Барселона, но во игра е и Арсенал

Според последните информации, Барселона е убедена во потпишувае на играчот за врска на Манчестер Сити Илкај Гундоган на крајот од сезоната.

Како што пренесува „Спорт.ес“ каталонскиот клуб веќе постигнал вербален договор со искусниот играч до летото 2026 година.


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Манчестер Сити му понудил на 32 годишниот фудбалер продолжување на договорот, но Гундоган по седум години во Премиер лигата сака нов предизвик и се надева дека следната сезона ќе игра на „Камп Ноу“.

Менаџерот на Манчестер Пеп Гвардиола претходно изрази надеж дека Гундоган ќе остане во клубот. „Граѓаните“ наводно се спремни да му понудат договор на една година. „Билд“ пренесува и дека интерес за Гундоган покажал Арсенал.

Германецот на „Итихад“ дојде во 2016 година од Борусија Дортмунд, а договорот му истекува во јуни 2023 година. Сезонава на 47 натпревари постигна девет голови и забележа седум асистенции.

Гундоган освои четири тирули во Премиер лигата со Сити, ФА Куп, четири Лига Купа и два Комјунити Шилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ќе се откаже од еден од најголемите германски таленти за да го доведе Вирц?

Според последните информации од Германија, Баерн Минхен напорно работи за во своите редови…