Дома Фудбал Репрезентации Гундоган за ситуацијата во германската репрезентација: Полошо не може да биде!

Гундоган за ситуацијата во германската репрезентација: Полошо не може да биде!

Германија наредното лето ќе биде домаќин на Европското првенство, а формата во која се наоѓа оваа репрезентација на навивачите не им дава голема надеж дека можат до поголем успех на домашен терен.

Германците вчера беа поразени од Австрија со 0:2 и тоа за нив беше шести пораз во 11 натпревари во 2023 година што секако е далеку од учинокот кој навивачите го очекуваат од ваква силна селекција со големи имиња.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Каква е ситуацијата во селекцијата зборува и фудбалерот од средниот ред на Барселона, Илкај Гундоган кој истакна дека полошо не би можело да биде.

„Навистина сме разочарани и вознемирени. Дозволивме Австрија да создава шанси, но мораме да бидеме искрени и да кажеме дека не е проблем само одбраната, целиот тим има проблеми. Единствено добро нешто во оваа ситуација е што полошо не може.

Немаме избор и мораме подобро, секој мора да го даде најдоброто на теренот и во мартовските натпревари, друг начин нема“, порача Гундоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…