Дома Македонски спорт Грците се исплашија, ПАОК забрани македонски знамиња во Солун – гостите ќе се „тресат до гола кожа“!

Грците се исплашија, ПАОК забрани македонски знамиња во Солун – гостите ќе се „тресат до гола кожа“!

Бојан Миовски вечерва од 18:45 часот со својот Абердин го игра натпреварот против ПАОК во Солун, а пред оваа средба шкотските навивачи добија специјална забрана каква што досега немале.

Имено, грчките власти најавиле сериозен претрес на сите гостински навивачи кои нема да смеат да внесуваа македонски знамиња.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шкотските фанвои во чест на Миовски знаеа да истакнуваат македонски знамиња на натпреварите, но тоа сега ќе им биде оневозможено. Никој на стадионот „Тумба“ веројатно нема да може да внесе македонски симбол.

Ваквата реакција веројатно доаѓа како одговор на потегот на Миовски кога на претходниот натпревар против ПАОК постигна гол и испрати посебен поздрав за „обединета Македонија“.

Но, како и да е секако забраната на организаторите секако е далеку од склад со спортскиот дух.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…