Дома Фудбал Лига на шампиони Гризман тврди: Јувентус освојува ЛШ, а Буфон „Златната топка“

Гризман тврди: Јувентус освојува ЛШ, а Буфон „Златната топка“

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, прогнозира дека Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите и дека престижната награда „Златна топка“ ќе заврши во рацете на Џанлуиџи Буфон.

„Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите, што значи дека Буфон ќе ја добие Златана топка“, изјави Гризман за шпанските медиуми.

Реал беше тимот кој го запре Атлетико во полуфиналето, поради што тимот на Диего Симеоне не успеа да го повтори минатогодишниот успех, кога стигна до финалето.

„Пораз во финалето повеќе боли. Размислуваш како ќе го кренеш пехарот, а кога ќе го загубиш натпреварот се чувствуваш лошо“, заклучи Французинот.

Атлетико и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите бидејќи во првенството го обезбеди третото место.

„Не ги освоивме трофеите кои ги посакувавме. Но, исполнивме една цел, што значи дека завршивме голема работа“, истакна Гризман.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мајк Дин заборави дека е судија, па ја запеа клупската химна

Познатиот англиски судија Мајк Дин честопати беше во центарот на вниманието во текот на св…