Дома Фудбал Останато Гризман: Симеоне е заслужен за ова што сум денес

Гризман: Симеоне е заслужен за ова што сум денес

Алтетико Мадрид ја оправда фаворитската улога во Лигата на Европа и во вчерашното финале го победи Марсеј со 3:0.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Јорганџиите“ со убедливи 3:0 беа подобри од Марсеј, а натпреварот го обележе феноменалниот француски напаѓач Антоан Гризман кој постигна два погодоци.

Гризман после натпреварот не го криеше задоволството, а посебно го истакна тренерот Диего Симеоне.

„Кога го напуштив својот дом на 14 години, тоа го направив бидејќи сакав да освојувам трофеи. Ова беше втор за мене после Суперкупот на Шпанија и се надевам дека ќе го има уште. Многу сум среќен што играм во ваков тим, растам секој ден, ги сакам соиграчите, навивачите…Благодарен сум и на Симеоне кој од мене направи тоа што сум денес. Навистина тој е еден неверојатен тренер“, заклучи Французинот.

Да потсетиме, во последно време се погласни се гласините дека Гризман кариерата би можел да ја продолжи во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спиеше во автомобил пред тренинг, а сега вреди 140 милиони евра

Поранешниот тренер на ѕвездата на Баерн, Михаел Олесе (24), сподели интересна приказна за …