Манчестер Сити оваа сезона не игра супериорно, веќе има три порази во Премиер лигата и заостанува цели 9 бода зад лидерот Ливерпул.
„Граѓаните“ на чело со Пеп Гвардиола не сакаат лесно да се предадат од трката за титулата и веруваат дека се уште ништо не е готово. Па се спремни значително да го засилат тимот во зимскиот преоден рок.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Англиските медиуми тврдат дека Сити спреми 100 милиони фунри за зимски засилувања, а главна мета ќе бидат двајца фудбалери на Лестер.
Главна мета во дефанзивата е Бен Чилвел од Лестер кој може да игра и како бек, но и како стопер.
Другата мета е турскиот репрезентативец Чалар Сојунџи, кој оваа сезона игра фантастично и е еден од најзаслужните за успешниот старт на „лисиците“.