Дома Останати Кошарка Го заслужува новиот договор: Јокиќ во првите три натпревари има фантастични бројки!

Го заслужува новиот договор: Јокиќ во првите три натпревари има фантастични бројки!

nikola jokic

Денвер одлично ја започна сезона и после три одиграни натпревари имаат максимален учинок, последен клуб кој падна пред избраниците на Мајк Мелоун беше актуалениот шампион, Голден Стејт.

Тимот од Колорадо игра одлично, а еден од клучните играчи е српскиот центар, Никола Јокиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јокиќ доби нов договор со Наџентси оваа сезона и израсна во важен дел од овој тим и еден од најдобрите играчи во целата лига.

Дека навистина и заслужи нов договор, покажа уште на стартот од оваа сезона, доволно е да истакнеме дека само против Феникс имаше учинок од 35 поени, 12 скокови и 11 асистенции без промашен шут од игра. Таков учинок своевремено имаше само легендарниот Вит Чемберлејн.

https://www.youtube.com/watch?v=7wlLn2hwP6g

Кога ќе ги погледнеме бројките од првите три натпревари доаѓаме до заклучок дека Јокиќ може да влезе во конкуренција за некоја од индивидуалните награди на крајот од сезоната, па зошто да не и за онаа за најкорисен играч во лигата.

Сепак, МВП наградата многу би зависела и од резултатот на тимот, но мноу по реално звучи дека Јокиќ може да стигне до наградата за играч кој најмногу напредувал.

Статистиката на Јокиќ во првите три натпревари во НБА лигата.

26.3 поени по натпревар

63.2% шут од игр(50% за три поени)

81.8% слободни фрлања

10.3 скокови по натпревари

7.3 асистенции по натпревар

1.7 украдени топки по натпревар

1 блокада по натпревар

1.3 изгубени топки по натпревар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…