Дома Останати Кошарка НБА Готово: Расел Вестбрук има нов клуб! (ВИДЕО)

Готово: Расел Вестбрук има нов клуб! (ВИДЕО)

0

Оклахома својот најдобар играч Расел Вестбрук го трејдувала во Хјустон Рокетс, соопшти познатиот новинар Адријан Војнаровски.

Во замена за Вестбрук Оклахома го добила искусниот плејмејкер Крис Пол, пиковите на првата рунда на драфтот 2024 и 2026 и право на замена на пиковите од првата рунда на драфтовите во 2021 и 2025 година.

Војнаровски додаде дека Вестбрук и неговиот менаџер работеле заедно со генералниот менаџер на Оклахома, Сем Прести со цел да го завршат неговиот трејд во Хјустон.

Инаку Вестбрук доаѓа откако Пол Џорџ беше трејдуван во Клиперси и сега е јасно дека Оклахома тргна во целосен ремонт на тимот.

Вестбрук ги поздрави навивачите на Оклахома, а многумина се прашуваат како ќе се вклопи со големата ѕвезда на Хјустон, Џејмс Харден.

Харден и Расел беа соиграчи во Оклахома, но сепак тогаш Харден не беше она што е денес.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Елмас е играч на Наполи, Милан сруши трансфер рекорд, Јувентус спреми понуда за Нејмар

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер паза…