Тоа што го најави „Газета дело Спорт“ сега доби и потврда, Милан договори нов голман за следната сезона.
Станува збор за Мајк Мањан, 25- годишен француски голман кој брани во Лил, и кој оваа сезона е избран за најдобар во Лига 1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мањан оваа сезона има 43 настапи за Лил и со своите партии на голот го привлече вниманието не само на Милан туку и на други големи клубови.
Милан ја победи конкуренцијата и постигна 5-годишен договор со голманот, а на Лил ќе му плати 15 милиони евра за неговиот потпис.
Донарума одолговлекува и не сака да стави потпис на нов договор тежок 8 милиони евра по сезона, па Милан мораше да бара нов голман.
Наводно „росонерите“ му дале ултиматум од 15 дена на Донарума и доколку не потпише ќе го официјализираат трансферот на Мањан.
#BVB – Mike Maignan (25) from OSC Lille to AC Milan is a done deal, @SPORT1 understands. Long-term contract, transfer fee around €15m. Maignan was also a transfer target for @BVB. Gianluigi Donnarumma (22) is a free agent and now set to leave Milan. Juventus in pole position.
— Patrick Berger (@berger_pj) April 25, 2021