Манчестер Сити е блиску да ја добие трансферната битка со градскиот ривал за дефанзивецот на Лестер, Хари Мекгваер, пренесуваат медиумите на Островот.
„Граѓаните“ ја добиле битката со Манчестер Јунајтед за стоперот на англиската репрезентација затоа што се согласиле да платат 65 милиони фунти, а трансферот ќе се комплетира следната недела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед понуди само 50 милиони фунти, а и самиот Мекгваер преферира трансфер на „Етихад“ бидејќи сака да настапува во Лигата на шампиони.
Пеп Гвардиола смета дека Мекгваер ќе биде идеална замена за Винсент Компани, и ќе го формира стперскиот тандем од репрезентацијата Стоунс – Мекгваер.
Мекгваер беше приоритет за „црвените ѓаволи“, но откако ја загубија битката ќе се насочат кон друг дефанзивец.
https://youtu.be/g8zzaaoIUXE