Дома Фудбал Англија Готово: Астон Вила е последниот патник во Премиер лигата (видео)

Готово: Астон Вила е последниот патник во Премиер лигата (видео)

Астон Вила ја доби битката за Дерби на „Вембли“ (2:1) и успеа да избори пласман во Премиер лигата.

Овој натпревар важеше за највредниот во светот на спортот бидејќи самиот влез во Премиер лигата значи и заработка од неверојатни 170 милиони фунту, преку учеството во елитното англиско фудбалско натпреварување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Денешниот дуел ќе биде во знакот на големите пријатели Френк Лампард и Џон Тери, а на крајот победник испадна Тери кој е помошник на Дин Смит во Астон Вила.

Во самата завршница на првиот дел Ел Гази постигна гол за водство на Астон Вила, а на почетокот на вториот дел Џон Макгин го зголеми водството.

Осум минути пред крајот Мартин Јагхорн намали на 2:1, но Дрби намеше сили да го однесе мечот во продолженија.

Покрај Астон Вила, претходно пласман во Премиер лигата обезбедија екипите на Норвич и Шефилд Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Конте збесна по елиминацијата од Купот: Ова не е добра сезона за ВАР и судиите!

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги објасни своите реакции кон судијата по елиминацијата…